Пестицид кој е особено опасен за децата е пронајден во мандарините во Хрватска

0
264

Забранет пестицид, особено опасен по здравјето на децата, е откриен во овошје одгледувано во Хрватска. Европскиот систем за предупредување за храна соопшти дека „хлорпирифос е откриен во мандарини кои се продавале кај нас и во Словенија при контрола на продажните места во Хрватска“, пренесува Даница.хр. Овој пестицид во август е пронајден и кај праските од Србија.

Хлорпирифос беше целосно забранет во Европската унија во април 2020 година. Познато е дека хлорпирифосот е исклучително опасен по здравјето, а особено е штетен за чувствителните категории – децата и трудниците. Бројни студии покажаа дека изложеноста на овој пестицид може да влијае на невролошкиот развој на децата и да го оштети нероденото дете.

Студиите и епидемиолошките наоди го поврзуваат со нарушувања во развојот на мозокот, хиперактивност, ретардација на растот, намален коефициент на интелигенција, според одлуката на Европската комисија за забрана на неговата употреба.

ИЗВОР:4news.mk