Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер, техничките влади се нефункционални

ВМРО-ДПМНЕ, како најодговорна политичка партија кон граѓаните и државата е спремна да се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер.

ДУИ со месеци е во епицентарот на сите криминални скандали кои ја тресат Македонија, партија во која не остана неискомпромитиран и не криминализиран кадар не може да го даде техничкиот премиер на државата.

Од Артан Груби и дуќаните на брат му, хотелите на Шапка, и коцкарските закони, до милионските кирии кои ќе ги плаќа Лотарија, до најкриминалниот политичар во Македонија, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Бујар Османи кој сака да остане во ракавици е фатен како дава милионски тендер на партиски донатор на ДУИ.

Семејството на Ахмети плива во бизниси и милионски зделки.

ДУИ е партија која е поим за незаконско работење. Најнов пример за тоа е и непријавениот имот на директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, кој фатен во незаконско постапување ги обвини вработените во инспекторатот затоа што тој не го пријавил имотот. Или поедноставено, кабелот е крив повторно.

И кога ќе сакаат да се вадат низ призмата Албанците се нападнати, нека си признаат дека Албанците 7 години по ред ги напаѓаат токму тие, зошто заради нив Албанците се иселуваат исто како и Македонците. Мајките, сопругите и децата, Албанки исто како и Македонки плачат за своите најмили кои заради нив морале да се иселат од Македонија.

Дополнително мора да се нотира и дека техничките влади се крајно неефикасни и нефункционални, во два наврати во минатото и во 2016-тата и во 2020-тата година видовме дека граѓаните имаат повеќе штета.

Време е Македонија да има функционални влади.

Граѓаните и државата не треба да ја плаќаат цената на политичките пазарења.

извор: ВМРО ДПМНЕ