Во животот, секој сам бира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец.
Јас, како жена, одбирам да се борам!Министерке Петровска, се гледаме на суд!
Дегутантна е состојбата кога Славјанка Петровска популарноста ја бара преку вакви потези, наместо преку работата за која ја плаќаат граѓаните, напиша на својот ФБ профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Така што, им препорачувам на СДС и Славјанка Петровска, кои политички го изгубија тлото под нозете, да не се надеваат дека затскривајќи се зад Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, ќе не дефокусираат или исплашат. Одговори баравме и ќе бараме, иако тие одбираат да молчат.
Дополнително, Славјанка треба да знае дека образованието на личноста секогаш се провлекува низ работата, како што мене (а, се надевам и нејзе) правниот факултет ми влијае врз речникот и начинот на изразување. Сепак, во духот на коректноста која како човек ја имам, и препорачувам на Славјанка да си го провери правниот тим кој ја советува на вакви правни небулози.
извор: ФБ Марија Митева