Тешка сообраќајка во битолско, загина маж а неговите деца се тешко повредени

41-годишен жител на селото Долно Агларци загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Маково, а неговите две малолетни деца се тешко повредни, соопштуваат од СВР Битола. Во несреќата учествувале уште неколку возила од Битола, Ресен и товарно возило со албански регистарски таблички. Неофицијално причина за тешката сообраќајка е густата магла

Вчера околу 19 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Маково се случила сообраќајна несреќа. Несреќата се случила помеѓу патничко возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (41) од с.Долно Агларци, општина Новаци, патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ј.В. (29) од Ресен, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.О. (48) од Битола и товарно моторно возило „даф“ со полуприколка со албански национални ознаки, управувано од В.К. (38) од Република Албанија, велат од СВР Битола.

Оттаму додаваат дека во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот С.Н. (41), а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

 

skopskoeho.mk