Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, потврди дека се подготвува да формира политичка партија.
Таа вчера во интервју за емисијата Клик Плус на ТВ 21 прашана дали размислува за формирање политичка партија, одговори потврдно, посочувајќи дека се во процес на нејзино формирање, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај, годинава.
Toa значи дека сме во постапка да им покажеме на граѓаните дека може поинаку од овие изминати 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку. Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некој од политичарите од оваа корумпирана политичка елита, нема да има напредок. Ако можам јас сама како индивидуалец да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе кои ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓани, ќе можам да покажам многу повеќе – вели Арсовска.
Таа не кажа дали се гледа себеси како лидер на оваа политичка партија, ниту дали имиња кои претходно биле дел од политичката сцена би биле нејзини членови.