Јане Ченто: „27 април“ е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја и тие што го монтираа за многу бргу ќе орговараат!

Како кула од карти им се руши предметот „27 април“. Стигаат пресуди дека државата, судиите и обвинителите ГИ ПРЕКРШИЛЕ ПРАВАТА НА ОБВИНЕТИТЕ, вели Јане Ченто.

Ова е само почетокот, финалето следи за многу брзо! „27 април“ е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја и тие што го монтираа МОРА ДА ОДГОВАРААТ! За многу брзо од денес, кога ќе имаме нормална извршна власт, кога ќе имаме нормална судска власт и нормални обвинители, предметот „27 април“ ќе ја добие ВИСТИНАТА И ПРАВДАТА бидејќи ние, нашите семејства и македонскиот народ заслужува да ја знае вистината. Да живее Република Македонија, порача Ченто.

фото:Радио Лидер