Молк од државниот просветен инспекторат за дипломираниот професор по музичка теорија кој „извиси“ на работното место!

И по четори дека молк од државниот просветен инспекторат за случајот со Дипломираниот професор по музичка теорија од Дебрца, кој „извиси“ на работното место, на конкурсот бил примен друг кандидат со несоодветно образование.

Имено Дипломиран професор по музичка теорија и педагогија до неодамна вработен во „ООУ Дебрца“, неодамна за NEWS1.MK  ја раскажа голготата која ја поминува по конкурсот.

Оштетениот како што кажа правдата најпрво ја побарал преку државниот просветен инспекторат од каде што на 29.12.2023 година добил одговор дека е утврдена неправилност во однос на објавениот оглас за кој надлежен орган е Државниот инспектор за труд.  Имено, тој тврди дека работата си ја извршувал одговорно, но секап по објавениот конкурс од училиштето не добил решение за работа во истото. Соговорникот за NEWS 1 кажува дека по објавениот конкурс ги доставил сите потребни документи, но, добил известување дека на тоа работно место е примен друг кандидат со несоодветно образование, односно примен е инструменталист кој нема положено испит за професор. Нашиот соговорник додава дека новопримената професорка сега не работи, а во училиштето не се одвива настава по предметот Музичко Образование, а поради тоа трпат учениците и истите неможат да бидат отценети. За овој случај засегнатиот ги информирал инспекциските органи. Дознаваме дека трудовиот инспекторат по овој допис излегол на терен на 22.12 минатата година. По увидот составен е записник, но сеуште нема разврска на случајот.

NEWS 1.мк на 08.02.2024 год по телефонскиот разговор со раководителот на инспекторатот се обративме и до лицата кои ни ги посочи раководителот. Испративме официјален mail до инспекторатот, но до денеска 13.02.2024 год одовор на истите не добивме.Во официјалниот маил прашавме:

-Ќе ве молиме да ни одговорите кога излеговте на терен и што е утврдено при истиот? -Дали од страна на училиштето е направен пропуст, поточно дали е примен професор кој не ги задоволува критериумите на конкурсот?

Прашуваме зошто институциите и раководството на училиштето не постапуваат според Закон во случајот на жалбите на професорот по музичко во основното училиште во Дебрца, кој е заменет со друг кадар со несоодветно образование? и Зошто од од државниот инспекторат молчат за случајот?

 

Со Директорката на основното училиште во Дебрца не успеавме да оставриме контакт. Според извори од училиштето, фактичката состојба не соодсветстувала со тоа што го нашишал оштетениот во дописот, и во пракса лицето со несоодветно образование одело на работа и одржувало настава, што пак значи дека се прави и поголем прекршок кој може да резултира со кривична одговорност од раководството на училиштето.

Оштетениот тврди дека случајот ќе го води до крај, дека нема да се откаже и ќе понесе соодветни кривични пријави за сите одговорни кои се инволвирани во случајот.