Транспортните компании бараат уште три до четири месеци за да ги заменат документите за учество во сообраќајот

0
104

Да се пролонгира рокот за вадење на потребните дозволи на транспортните превозници за најмалку уште 3 до 4 месеци, бидејќи во спротивно ќе настане уште поголем хасот на шалтерите, по институциите задолжени да ја обезбедат целокупната документацијата со новото име,постапка која државата крајно неодговорно и неподготвено почна да ја споредува во 5 минути до 12 –велат транспортните превозници, објави АЛФА.

“Најголемата грешка мислам дека државата ја направи што не почна на време процедура еве и со возачките, 2021-ра има возачки на кои пишува Република Македонија, а името е сменато од 2017-та.Требало да пишува Република Северна Македонија, да не биде ваков хаос и во МВР хаос е и за пасоши и за сообраќајни и за се’.Па сега најнови има и налепниците, тоа е уште поголем проблем”-вели Јован Мирчески,сопствек на -И.Н.П Компани

Треба да се променат сообраќајните и возачките дозволи,потоа сертификатите на возачите, треба да ги промениме картичките за тапографите, пасошите за оние кои што патува односно возат во странство,а тоа чини и пари и време. За илустрација,на еден возач на автобус во моментов му требаат околу 14.000 денари да ги извади сите документи кои што му се потребни за патување,вели Мирчески , потенцирајќи дека на сета мака картичка за тапограф треба да се чекаат најмалку 20 до 25 дена,нивната цена е дупло зголемена.Истата чинеше 2.300 денари, а сега 4.600 денари, што е страшно висока сума на оваа скапотија.

” За шофериве е многу проблем плус и чекањето. Ајде за пасошите по брза постапка ќе даде некој и 7.500 денари, за возачките вика по месец, месец и пол се чека.Тоа е страшно за шоферите не само за превозните фирми на патници, мислам дека истиот проблем го имаат и превозните компании транспорт што вршат. Државава неспремно, неорганизирано, несредено, не знам како да кажам, битно негативно се одразува за сите превозници”-вели Мирчески

Добар дел до возачите ги сменија сите потребни дозволи во 2021-ра зошто тогаш не ги издаваа со променето име на државата. Ова е играње со народот и со нивното трпение.Од денес повеќе автобусите нема да возат во странство и се откажуваа сите линии.Згора на се нити вработените во институциите не знаат што важи а што не, што смее а што не. Велат ако те застане полиција,ќе те казни,има луѓе што се информирани, но жално е ова што им го прават на луѓето кои се занимаваат со транспорт за да извадат парче леб-завршува Мирчески.

извор: АЛФА