Панчо и Андреј со поддршка за Силјановска Давкова

Популарното музичко дуо ДНК јавно и искажа поддршка на професорката Гордана Силјановска-Давкова, која се пријавила на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија.

Панчо и Андреј порачаа дека е време Македонија да добие мајка која достојно ќе ги застапува македонските интереси, и открија дека таа била првата личност која им ја честитала добиената 13-Ноемвриска награда.

Оваа скромна госпоѓа, професорка, активистка, македонка и мајка пред се, без грам его прва дојде да ни ја честита добиената 13- Ноемвриска награда.

Денес, туку што разбравме од медиумите дека е еден од претседателските кандидати на престојните избори и заедно со Андреј сакаме да и честитаме пред се, да и посакаме многу среќа во оваа тажна и напатена држава, и да и кажеме деќа ќе ја добие нашата поддршка.

Време е да добиеме ,,Мајка” која достојно ќе ги застапува граѓанските и македонските интереси и воедно нема да биде безгласна буква и нем набљудувач од претседателската палата.

Среќно професорке Гордана, да сте живи и здрави- порача Панчо на социјалните мрежи.

На претседателските избори во 2019 година, кога се водеше трка помеѓу Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, таа освои 377.713 (44,73%) гласови. Пендаровски ја освои победата со 436.212 (51,66%) гласови во вториот круг, според 100% од преброените избирачки места, односно со 58.499 гласови повеќе од неа.

 

Fokus.mk