На 28.02.2024 во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица. Тие биле затекнати во месноста „Студена река“, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.