Претепан музичар во кафеана во скопско Марино, сопственикот му го искршил и инструментот

МВР ги соопшти деталите за инцидентот во скопско Марино.

На 03.03.2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(29) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во село Марино, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од сопственикот на објектот.

 

 

Според пријавеното, сопственикот му го оштетил и музичкиот инструмент.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

skopjeinfo.mk