Дете во Србија со секира убило 12 јагниња

Тринаесетгодишно момче во селото Марковац во Србија вчера попладне со секира убило 12 јагниња. Не се знае причината зошто го сторил тоа.

Снимката од овој масакр на социјалните мрежи ја споделил сопственикот на овците П. Т. од Марковац. Тој го примил семејството на детето во својата стара куќа за да му обезбеди живеалиште, објави српски Новости.

– Дете на возраст од 13-14 години со секира уби 12 јагниња. Со секира им ги разбил главите и точно се гледаат ударите. Ни направи голема штета. Полицијата беше на увид. Воопшто не ми е добро – рече човекот на видеото.

Детето, со помош на полицијата и на Центарот за социјална работа, е одведено во Клиничкиот центар во Војводина за понатамошни испитувања.