На 28.12.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 43 годишно лице од с.Велгошти, охридско, затоа што околу 17.50 часот се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот во угостителски објект на Кеј „Македонија“. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид