На 28.12.2022 во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 57 годишен Охриѓанец. Тој бил затекнат на ул.„Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на лице од Охрид, и да изврши кражба. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид