Вулкан на исландскиот полуостров Рејкјанес денеска повторно еруптираше по четврти пат од декември, исфрлајќи големи количини лава во воздухот, соопшти Исландската метеоролошка служба.
Вулканот последен пат еруптирал на почетокот на февруари, прекинувајќи го централното греење на 20.000 луѓе, додека лавата уништила патишта и цевководи.
Ова е седма ерупција во областа Рејкјанес од 2021 година.