Три непознати лица сред бел ден нападнале и ограбиле сопственичка на менувачница во Бања Лука. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат локалните медиуми, во филмскиот грабеж во Бања Лука, крадците украле околу еден милион евра.
Грабежот се случил околу 16:00 часот, крадците направиле заседа пред домот на сопственичката на менувачницата. Кога жената излегла од возилото со парите, тие се нафрлиле врз неа, ја оттурнале и ѝги одзеле трите торби во која ги носела парите, пренесува Српскаинфо.
– Очевидци велат дека се работи за тројца разбојници, кои користеле автомобил со црн „седан“ со регистрација од Полска. По грабежот побегнале со тоа возило – вели изворот на АТВ.
Полицијата интензивно трага по разбојниците кои го извршиле грабежот од околу 2 милиони марки (1 милион евра), а во потрагата е вклучен и полициски хеликоптер на Република Српска.
Во потрагата по возилото со кое разбојниците побегнале се користат и дронови, а се прегледуваат и снимки од надзорните камери и од населбата Лауш во Бања Лука каде што се случил грабежот пренесува Српскаинфо.
Жителите на улицата каде што се случил грабежот велат дека на улицата со часови било паркирано црн „сеат“ со странски регистарски таблички. Дури подоцна им стана јасно зошто.
Првите информации од терен укажуваат дека разбојниците биле маскирани, а дека по нападот на местото на грабежот бил фрлен солзавец.