Младата Мартина(29) од Битола e македонката која го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа во Грција

0
139

Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија и го објави идентитетот на младата битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Егнатиа во правец кон Солун.

Претходно беше познато дека таа имала 29 години, а групата тврди дека во прашање се четири битолчанки кои ја доживеале сообраќајната несреќа.

„Мартина, чупе златно, мир да си најдиш. Им посакуваме побрзо закрепнување на останатите три битолчанки“, објави „Бабам Битола“.

Повредени се и три сопатнички од кои две родени 2000 година се потешко, а едната сопатничка родена 1999 година поминала со полесни повреди.

 

skopjeinfo.mk