Изјава на ТАВ Македонија во врска со глобалниот ИТ прекин

0
86

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, ја известува јавноста дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови.

 

Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи.

 

Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите.

 

Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет.

 

Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и  се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нашите патници на најдобар можен начин.

 

TAV