Јелена Ѓоковиќ: Почнав да се хранам како веган поради стравот од болести

0
32

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, отворено проговори за преминувањето на веганска исхрана. Нејзиното веганство има подлабоки корени, а Јелена се присетува на моментите кога првпат почнала да размислува за поздравата исхрана.

-Почнав да се хранам како веган поради стравот од болести. И тоа е најлошата причина да се одлучите за одредена исхрана и затоа никому не би му советувала да прави нешто поради страв. Поконкретно, за време на пост првпат се префрлив на веганска исхрана. Подоцна додека студирав, се случуваше да немам пари да јадам по ресторани, па од мака станав веган – истакнува таа.

Сепак, најголемата промена во начинот на исхрана се случила кога станала мајка.

– Додека доев, бев единствен извор на храна за моите деца и затоа се трудев моето млеко да биде најдобро на светот. Сите патишта ме водеа кон здравата исхрана, но прашање е дали до крајот на животот ќе останам веган – истакнува Јелена, нагласувајќи како нејзините родителски обврски ја навеле посериозно да се посвети на здравјето и исхраната.

Киноата, која Јелена често ја вклучува во своите оброци, се смета за кулинарско чудо и таа е незаменлив додаток на јадењата во домот на семејството Ѓоковиќ.

– Киноата ги содржи сите есенцијални аминокиселини потребни за правилно функционирање на организмот. Богата е со витамини, го зајакнува имунолошкиот систем и позитивно влијае на работата на срцето. Обилува со протеини, витамин Б, диетални влакна и минерали, што ја прави идеална за оние кои сакаат здрава и урамнотежена исхрана. Исто така го помага варењето, го забрзува метаболизмот и придонесува да изгубите килограми. Кога ќе ја додадете кон зеленчукот, ќе почувствувате изобилство на вкусови што обично се добива при готвењето месо – објаснува таа.

И сопругот на Јелена, Новак Ѓоковиќ, претходно зборуваше за придобивките од исхраната без месо, наведувајќи дека тоа му помогнало да го подобри своето здравје и да остане во топ форма. Неговиот пример го следеше и пејачката Нина Бадриќ која открива дека откако почнала да го применува начинот на исхрана за кој слушнала токму од Новак Ѓоковиќ, нејзината сила се зголемила речиси 100 пати.

 

vecer.mk