Македонија ја победи Ерменија со 2:0

Македонската репрезентација победи на вториот меч од Лигата на нации. Ја совладавме Ерменија со 2-0.

Лошата атмосфера околу националниот тим по ремито на Фарските Острови за момент е поправена на радост на околу 6000 премрзнати гледачи на “Градски”.

Имаа и што да видат, мајсторијата на Барди од слободен удар и голот на Миовски, што ни донесе победа, иако во второто полувреме игравме со 10 играчи бидејќи Зајков беше исклучен.

Нашата репрезентација напаѓаше во текот на целиот меч, но некако без завршница.

Најзрели шанси ги имаа Миовски, Елмас и Бабунски. Очигледно е дека недостасува кондиција кај оние играчи кои не се стандардни во своите клубови и настапот за репрезентацијата им е единствена можност за игра. Сега следува октомврискиот циклус на Лигата на нации. Со оваа победа се враќаме во игра за првото место во групата. Ова натпреварување е единствената шанса за прв пат да играме на Светско првенство.

 

denesen.mk