(ФОТО) ЦУК: Отстранета опасноста од откаќениот електричен кабел на мостот кај Сарај на Вардар

После дојавата во ЦУК, од страна на колеги од јавно градско претпријатие кои работеле на пат, за опасен откачен електричен кабел на мост, утрово од 09.15 до 09.30 е координирано со институциите од Системот за управување со кризи и опасноста од откачениот кабел на мостот кај Сарај на р. Вардар e отстранета од страна на Општина Сарај во координација со ЕВН, до 14.00 часот, бидејќи електричниот кабел бил општински – од канделабрите на улицата кај мостот и во надлежност на општината.