Пред околу една и половина година, во ноември 2022 година, до Центарот за управувње со кризи (ЦУК), стигнаа пријави од неколку граѓани коишто пријавија дека потпорниот ѕид на уицата којашто минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести е во лоша состојба и истиот е накосен и постои опасност да падне.
Од наша страна (ЦУК) веднаш беа известени сите надлежни институции, вклучително и Министерството за здравство, Град Скопје, како и Општина Центар, а беа запознаени и МВР, за преземање потребните мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните. За жал, една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е влошена и рано наутро добивме пријава на 112 дека дел од овој ѕид е срушен, но прашање на ден а можеби и час кога че се сруши и останатиот дел од ѕидот, под којшто, меѓу другото се паркираат и возила, но се движат и лица коишто влегуваат во именуваната, позната популарно, на граѓаните, Државна болница.
Затоа апелираме до Министерството за здравство, до Град Скопје и до Општина Центар, итно да се зафатат со надминување на оваа опасност за граѓаните којашто е комплексна, затоа што под оваа улица, односно улицата „Белградска“, којашто го разграничува клиничкиот центар со куќите коишто се веднаш над него, под самата улица постои систем од шахти и подземни канали чија сопственост не може да ја утврдиме, а коишто се во многу лоша „кондиција“. Истите не ја собираат подземната вода којашто доаѓа од падините на планината Водно, поради што таа избива токму овде во самиот ѕид и дополнително ја нарушува стабилноста на ѕидот, но и на самата улица. Во некое најлошо сценарио постои можност, возила коишто се движат по оваа тесна улица, што е проодна во два правци иако возилата едвај се разминуваат, да дојде до рушење не само на ѕидот, туку и на дел од улицата и да дојде до поголема трагедија, во којашто ќе бидат опфатени, вклучени, и возила.
Загрозени се, односно во опасност се и човечки животи, здравје но и имот, мислејќи и на овие возила коишто се паркирани веднаш до самиот, односно под самиот ѕид.
Од страна на ЦУК, во повеќе наврати е интервенирано, односно се испратени дописи и до Министерството за здравство и до Град Скопје и до Општина Центар, но и до низа други јавни претпријатија во чијашто надлежност лежи решавањето на овој проблем.
Затоа, апелираме за итна координација помеѓу надлежните институции и итно надминување на оваа опасност.