Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбедениот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04. Апелираат до крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.
Маркетот Стокомак на својата официјална Фејсбук страница вечерва излезе со соопштение по повод ова отповикување.
Имено, Стокомак ги известува сите свои купувачи дека се повлекува производот Milkano UHT Млеко 3.2% масленост, 1л LOT FD04 со дата на производство на 05.10.2022. Нивната целосна објава може да ја прочитате во продолжение:
извор: АХВ Стокомак