Во подземна гаража во Скопје пронајден паднат британец со повреди – пренесен во болница, полицијата истражува

Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.

Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.