Делегација на СВР Тетово положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Жарко Кузмановски

0
11

На 21.09.2024 делегација на СВР Тетово положи свежо цвеќе пред спомен бистата на трагично загинатиот припадник на САЕ Тигар Жарко Кузмановски, лоцирана во неговото родно место Брвеница, а по повод отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал во негова чест. Жарко Кузмановски на 9 Мај 2015 година загина во полициската акција во Диво Насеље, давајќи го животот бранејќи ја нашата држава.