Почина млад скопјанец во притвор

0
17

Во неделата наутро во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.