Тошковски на шампионското дефиле на Иџе и моторџиите: Брзината на тркачките патеки, улиците се за безбедно и одговорно возење

0
9

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вечерва присуствуваше на шампионското дефиле организирано од Игор Стефановски – Иџе и моторџиите, под мотото „Улиците не се тркачка патека“.

-Шампионското дефиле кое започна од авиончето во Ново Лисиче, има за цел да испрати силна порака до сите учесници во сообраќајот – дека брзината и адреналинот припаѓаат на тркачките патеки, а улиците се за безбедно и одговорно возење, истакна Тошковски.

Министерот ја поддржа оваа иницијатива, со апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно како учесници во сообраќајот и да придонесат кон поголема безбедност за сите.