На 04.03.2022 околу 20 часот на регионален пат од брана Мантово кон крстосница за Неготино, поточно во близина на место викано „20-ти километар“ полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г. (33) од село Бучим, радовишко, О.Х. (34) од Кочани и Б.Ј. (38) од Конче, поради сомнение дека организирале превоз на мигранти од Сирија и други земји. Лицата биле однесени во Полициската станица Радовиш, а возилата „фолксваген туарег“ со радовишки регистерски ознаки, сопственост на Е.Г. и „форд мондео“ со кочански регистерски ознаки, сопственост на О.Х. биле одземени. Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б од КЗ.
Related Posts
Разбојник нападнал во маркет на КИПЕР и го одзел прометот
Машко лице утрово извршило разбојништво во супер маркет на Кипер во Струга. Како што дознаваме од извори во ОВР Струга,…
(ВИДЕО) „Јас сум Тони Менкиноски“ – Охриѓани пред судот како поддршка на адвокатот Тони Менкиноски
Пред Охридскиот основен суд во моментов има протестот на група граѓани под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“. И Охриѓани му…
(ФОТО) Светлана од Кривогаштани прави вистински ремек дела од шишана коса
Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Кире Лазаров, Мајкл Џексон, Северина, Бора Чорба се дел од познатите личности чии ликови фризерката и…