More

    Остатоци од ракета удрија во Месечината со брзина од 9.300 км/час

    Дел од ракета, тежок три тони, удри во Месечината, тврдат научници кои овој настан го најавија уште во јануари.

    Станува збор за дел на ракета кој кон Месечината се движеше со брзина поголема од 9.334 км/час. Астрономите првично сметаа дека станува збор за дел од ракета на компанијата SpaceX, но потоа преку дополнителна анализа на податоци е утврдено дека сепак станува збор за кинеска ракета. Новиот пресврт уследил откако Кинезите објавиле дека ракета “Chang`e 5-T1” која ја лансирале во тоа време, по лансирањето целосно изгорела во атмосферата, така што ракетата која е на пат кон Месечината не е нивна.

    Научниците очекуваат дека последиците од ударот на делот од ракетата на лунарната површина да бидат минимални.

    Се надеваат дека ќе можат да го проучат кратерот со размер од 10 до 20 метри, како и облакот лунарна прашина што може да подигне по ударот од ракетата.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img