Обидот на ВМРО ДПМНЕ да спречи прес конференција на СДСМ не усепаа повторно. Огромна е нервозата и политичката некуктура во ВМРО ДПМНЕ, кога се зборува за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и партискиот имот стекнат во време на режимот, се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:
Политичка некултура манифестирана преку портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски само покажува какви се, и колку во опозициската партија ги боли вистината.
Научени на некои дамнешни мрачни времиња, во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со попречување на слободата на говор, ќе успеат да ја сокријат вистината, но тоа нема да им успее, како што не успеа ниту досега.
Нервозните реакции и ниската политичка култура не можат да ја сокријат вистината дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и државата.