Ковачки: Османи и Спасовски треба да се свесни дека само со изјави без преземање на навремени мерки овозможуваат ескалирање на состојбите, ова е доказ дека флертуваат со тие кои шират говор на омраза

Скандалозните изјави на Спасовски и Османи се доказ дека владата флертува со тие кои шират омраза и негаторски ставови кон Македонија.

Со ваквиот однос само се оправдуваат нивните неразумни чекори и барања, а тоа го прават само од ним познати причини. Секогаш кога власта попушта пред вакви работи имаат некој криминал кој сакаат да го сокријат и затоа се ранливи, истакна Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Спасовски и Османи треба да се свесни дека со вакви изјави и со непреземање на навремени мерки само овозможуваат ескалирање на состојбите и ризикуваат вжештување на односите помеѓу двете држави.

Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело кон сопствениот народ е најголемиот пораз кои може да и се случи на Македонија.

извор: ВМРО ДПМНЕ