Полицијата денеска поднесе кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело убиство.
Тетовецот се сомничи дека на 29 декември минатата година улицата „1737“ во центарот на Скопје (блиску до т.н. „адвокатска улица“), со употреба на остар предмет – нож го усмртил А.Д. (64) од Скопје.
-По добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У. (лице кое е осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство). Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото“, велат од МВР.
Телото на убиениот скопјанец беше најдено во напуштена куќа во близина на „Адвокатската улица“.
slobodenpecat.mk