Тошковски на средба со претседателот на ДИК Даштевски: изразена согласност дека двете институции ќе бидат гарант за организирање на фер и демокрастки избори

0
116

Во текот на денешниот ден ја посетив Државната изборна комисија при што остварив средба со претседателот Александар Даштевски и членовите на комисијата.
На средбата изразив отвореност за соработка со ДИК и посочив дека целосниот капацитет на министерството ќе биде ставен на располагање на комисијата со цел преземање на сите мерки и активности што се однесуваат на организирање и спроведување на изборниот процес, а се од делокругот на работа на МВР согласно позитивните законски прописи.
Од страна на претседателот и членовите на државната изборна комисија ми беа презентирани определени технички барања и сугестии за забрзување и подобрување на активностите кои треба да овозможат ефективен избирачки процес.
На крајот, заедно со членовите на ДИК се согласивме дека двете институции во претстојниот период ќе имаат високо ниво на соработка и ќе бидат гарант за организирање на фер и демократски избори, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.