Украина: Со вреќи песок настојуваат да го заштитат културното наследство на Киев

Вработените во јавните институции и волонтерите настојуваат со вреќи песок и штици да ги заштитат бистите и статуите поставени пред црквите и уметничките галерии во Киев, главниот град на Украина, против која Русија започна војна, известува Агенција Анадолија (АА).

По нападот низ цела Украина, во Киев започнаа активности на плоштадите во центарот на градот со цел заштита на уметничките дела.

Витали Мишеко носеше вреќи песок до статуата на познатиот украински композитор Миколе Лисенка, поставена пред зградата на Операта.

„Настојуваме христијанското наследство во градот да го заштитиме од воздушните напади на Русија, колку е можно тоа“, рече Мишеко и додаде дека од вчера работат на заштита на статуата.

Вартан Азатиан, вработен во Управата за заштита на културното наследство при Градската управа на Киев, рече дека волонтерите се оѕвале на повикот на социјалните мрежи и настојуваат да го заштитат историското наследство во градот.

„Волонтерите во Киев, во согласност со можностите, настојуваат да ни помогнат. Носат вреќи со песок, штици“, рече Азатиан.

Нагласи дека вложуваат големи напори за заштита на културното наследство и дека им е потребна дополнителна помош во тој поглед.

Извор: Агенција Анадолија (АА).