Претседателот на САД Џозеф Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат в среда во Белата куќа, соопшти денеска канцеларијата на американскиот претседател во заминување.
Ваква постизборна средба се одржува традиционално, меѓу претседателот во заминување и претстојниот, после речиси сите избори.
Сепак, Трамп не беше домаќин на Бајден кога ги загуби изборите во 2020 година, тврдејќи дека изборите биле украдени, пренесе Бета.