(ВИДЕО и ФОТО) Од силниот ветер „летна“ кров од зграда во Охрид,кровот оштети три станови во друга зграда, уништи неколку дрва

Силниот ветар во Охрид откорна кров од зграда на улица АСНОМ.  Дел од лимениот кров е паднат и врз автомобил, но кровот оштети три станови во друга зграда, уништи неколку дрва.

Се поставува прашањето кој ги гради овие згради. Не е прв пат кров да летни во Охрид. Да се потсетиме  ваквов случај имавме и пред години кога кров летна од болницата, но и од салата од Основно училиште.

 

Инаку како што објавивме силниот ветар откорна бор кој падна на управната зграда на Општата болница, а на улицата Ристо Чадо падна бандера.