И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени, порача денеска на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и другите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант-клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант-залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат сѐ до конечна победа! Колку тие пониско удираат, толку ние повисоко се креваме!“, порача Мицкоски на „Фејсбук“.