Претседателот Стево Пендаровски не ја коментира вчерашната изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков, дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија, но вели дека треба да му се верува оти се работи за актуелен премиер.
– Изјавата на Петков не можам да ја коментирам бидејќи е заснована на информациите на бугарските институции и бугарските служби. Но, бидејќи се работи за актуелен премиер на Бугарија, треба да му се верува, изјави Пендаровски за ТВ Телма.
Претседателот Стево Пендаровски, го објасни и неодамнешното протерување на руски дипломати од земјава, но се осврна и на изјавата на бугарскиот премиер.
Телма