Сали: За жал, короната не може да ја прогласиме за „умрена“

За жал, короната не може да ја прогласиме за „умрена“, вели министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали наскоро ќе може да се олабават сите ковид-мерки.

-Комисијата за заштита од заразни болести, во моментов заседава и се надевам дека ќе има мерки по однос на резултатите од Институт за јавно здравје – рече министерот за здравство Беким Сали, прашан за можните нови мерки кои Комисијата денеска би ги донела.