Мицкоски: Во Илинден се случува градежна офанзива за подобрување на животот на граѓаните, во вредност од над 60 милиони денари

0
386

Во кампањата „Промените се случуваат секогаш со народот“ продолжуваме на терен да вршиме обиколка на проектите кои што ги реализираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Александар зборуваше за градежната офанзива што се случува овде во Илинден, проекти во вредност од повеќе од 60 милиони денари, кои што имаат за цел да го подобрат комфорот и квалитетот на животот на граѓаните овде во Илинден, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Ценам ако вака се продолжи насекаде буквално целата онаа доверба која што ја добивме од граѓаните на локалните избори ќе почнеме да ја оправдуваме, и јас можам да констатирам дека овие први пет месеци првиот впечаток е одличен. Тоа кое што е ветувано, тоа и е започнато да се реализира, дури и повеќе од тоа што е ветувано за овој период од мандатот на новите градоначалници.

Јас можам да им посакам добро здравје пред се, затоа што само здрави луѓе можат да направат и да продолжат со реализација на проектите кои што ги ветувале и кои што заедно ги ветуваме пред граѓаните за време на кампањата, бидејќи следуваат предвремени парламентарни избори и граѓаните во Македонија треба да ја дадат довербата на оние на кои што можат да се потпрат, на оние кои што можат да донесат промени, а не на овие криминални и корумпирани политичари кои што еве скоро пет години ја пустошат и уназадуваат Македонија.

Ние сме за проекти, за комфорот, за напредок, ние сме за промени и тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го нуди на граѓаните, останатото е криминал, корупција, безидејност и не работа, и тоа граѓаните наскоро од денеска ќе го пратат во историја.