Евакуирани четири трговски центри во Белград и Ниш по дојави за бомби

0
373

Трговските центри „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград и „Делта планет“ во Ниш денеска се евакуирани поради дојава за бомба.

Контрадиверзантските екипи се во трговските центри „Галерија“-(Белград на вода), „Меркатор“ (Нов Белград) и „Рајичева“ (најстрогиот центар на Белград), изјавија во Министерството за внатрешни работи.

Исто така, околу 14 часот нишката полиција добила анонимна дојава дека во трговскиот центар „Делта планет“ била поставена бомба.

Трговскиот центар бил веднаш евакуиран. Во тек се увиди на објектите.

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги демантираше наводите за вмешаност на Киев во лажните закани со бомби на патничките летови од Белград до Москва по синќешната изјава на претседателот Александар Вучиќ за наводната вмешаност на Украина и една земја на ЕУ во заканите со бомби на авионите кои летаат од Србија за Русија

Портпаролот на министерството Олег Николенко за Укринформ изјави дека станува збор за „неосновани обвинувања“.

Видео на овој линк