Земјотрес на подрачјето Пехчево-Кресна

0
235

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 25.04.2022 година регистрираше земјотрес 115 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 36 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Делчево Берово, Пехчево.