Граѓаните и синдикатите во градовите низ Европа излегоа денес на улиците на првомајски маршеви и испратија протестни пораки до владите, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Меѓународниот ден на трудот на улиците излегоа граѓаните на Франција кои го искористија денот за да го изразат своето незадоволство од повторно избраниот претседател Емануел Макрон.
Низ Италија, по двегодишно затишје поради пандемијата се одржаа протести и собири.
Главниот собир на трите главни синдикати на работниците во Италија беше во градот Асизи, често одредиште за мирни протести. Овогодинешниот слоган е „Работиме за мир“.
Протести се одржуваат и низ другите земји во Европа, вклучително и Словачка и Чешка, каде студентите и другите планираа собири во знак на поддршка на Украина додека комунистите, анархистите и групите против Европската Унија (ЕУ) одржуваат свои собири.
извор: Агенција Анадолија (АА).