ВМРО ДПМНЕ: Анкетите го даваат одговорот зошто СДСМ бега од избори, ВМРО-ДПМНЕ со убедлива поддршка од народот, Мицкоски со двојна предност пред Ковачевски

0
288

Анкетите го даваат одговорот зошто СДСМ бега од избори, ВМРО-ДПМНЕ со убедлива поддршка од народот, претседателот Мицкоски со двојна предност пред Ковачевски. Мнозинството граѓани се за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност од 5% пред СДСМ. Според анкетата на ИПИС, 39.2% од граѓаните сметаат дека е потребно да има предвремени избори, наспротив 32.5% кои се против. Народот сака промени затоа што со оваа влада само тонеме, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Граѓаните според анкетата на ИПИС му даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. убедлива е предноста пред СДСМ со 5% разлика. За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 21.2% од граѓаните, наспроти 16.2% за СДСМ.

Народот јасно ја препознава разликата, која се гледа и од работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на не работата на тие од СДСМ.

Претседателот Мицкоски е политичар со најголема доверба меѓу граѓаните, и лидер со најголема поддршка. Дури 16.2% од граѓаните имаат најголема доверба во претседателот Мицкоски, наспроти 8.7% во Димитар Ковачевски, кој е втор на листата, а има дупло понизок рејтинг.

Анкетите го покажуваат тоа што сите го знаат. Предвремени избори мора да има час поскоро. Само ВМРО-ДПМНЕ може са ја извади државата од кризата.