Вучиќ: Претстојната зима за некои ќе биде најтешката во последните 70 години – 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб

Претстојната зима за некои ќе биде најтешката во последните 70 години, предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Ќе недостига многу храна. Енергенси има доволно, но поради лудата политика од сите страни тие ќе бидат скапи – изјави Вучиќ на ТВ Прва.

Тој нагласи дека околу 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб.

фото: ФБ Александар Вучиќ