Жена тешко се повреди при пад во автобус на ЈСП

0
103

Вчера во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.