Музички рецитал и изложба за 8-ми март

0
43

По повод 8 март-  Меѓународниот ден на жената, Општина Охрид  на 07.03 2024 г. ( четврток)  во концертната сала на Општинското основно музичко училиште ,,МетодиПатчев” со почеток во 19.00  часот,  организира музички рецитал  на Билјана Буџакоска во пијано придружба на Ивона Базглаоска .

Пред рециталот ќе биде отворена  изложбата  “Жени во фокусот “ во чии рамки ќе бидат изложени  12 фотографи сликани од објективот на Нина Ангелоска. Фотографиите се всушност 12 приказни  на жени охриѓанки кои со својата работа се синоним за се она што значи ЖЕНА. Секоја, посебна, инспиративна и секоја на свој начин преставува пример дека  постои само сакам и не сакам , а нема не можам. Најчестиот начин на кој луѓето се откажуваат од својата моќ е со размислување дека не можат“ – Алис Вокер.

Реализацијата на овие два настани е во соработка со Комисијата за еднакви можности  помеѓу мажите и жените.