Нема заедничка историја, што ќе правиме со богатата македонска историја, прашува хрватскиoт македонист Калоѓера

0
384


Засегнат од сите случувања околу историските препреки на Македонија со Бугарија, хрватскиот македонист кој е многу добар познавач на македонскиот јазик и историја, постојано објавува свои постови на Фејсбук.

Во последната негова објава тој дава детално образложение дека Македонија и Бугарија немаат заедничка историја ниту пак некогаш ја имале.

Нема заедничка историја. Има периоди во кои два народа, или три, се „допираат“ за добро или за лошо. Меѓутоа, секој народ има своја историја и на локалните историчари останува да ја толкуваат и објаснат, а не да ја бранат, бидејќи немаат што да бранат. И македонските историчари тоа го прават со години, децении…Историја на македонскиот народ, книга прва, втора, трета, Историја на македонскиот народ, (Фриско, 2008), Македонска емиграција во Бугарија, Историја на македонската нација ( 1999) , Македонско национално прашање, Историја на македонската литература (средновековна книжевност), За македонскиот јазик и литература, Македонија и Македонците…Македонија е се што имаме…и што ќе правиме со неа сега, да заборавиме …ајде ве молам !

FB Goran Kalogjera