Гужви на граничните премини со Србија и Грција

0
55

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини со Србија и Грција. За влез во Македонија од страна на Србија и Грција се чека дури и по два часа. Состојбата е слична и за излез кон двете соседи држави.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

амсм