Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска во Белата куќа

0
268

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе ги прими лидерите на Шведска и Финска, по повод аспирациите на двете земји да станат членки на НАТО поради руската инвазија врз Украина. Со премиерката на Шведска Магдалена Андерсон и со претседателот на Финска Саули Нинист, Бајден ќе разговара за барањата на нивните земји за приклучување кон западната воена алијанса и за европската безбедност. Барања за прием во НАТО на Шведска и Финска, кои долго време беа неутрални, имаат широка поддршка во Алијансата, додека Турција се противи.

 

Радио Слободна Европа